Во Индустриската зона во Кочани е отворен погон за откуп и индустриска преработка на шумски плодови и на печурки. Инвестицијата е на кочанската компанија „Годе“, која се занимава со откуп на шумски плодови и на печурки. На 1.500 квадратни метри е инсталирана современа технологија набавена од Италија за индустриска преработка и конзервирање печурки и шумски плодови. Во погонот ќе бидат вработени десетина работници, а производството ќе се пласира во повеќе балкански земји и во Холандија.
Во Индустриската зона во Кочани е отворен погон за откуп и индустриска преработка на шумски плодови и на печурки.
Инвестицијата е на кочанската компанија „Годе“, која се занимава со откуп на шумски плодови и на печурки.
На 1.500 квадратни метри е инсталирана современа технологија набавена од Италија за индустриска преработка и конзервирање печурки и шумски плодови. Во погонот ќе бидат вработени десетина работници, а производството ќе се пласира во повеќе балкански земји и во Холандија.